Честитка од претседателот Иванов по повод Божик
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, до членовите на Светиот архиjерејски синод и до целото свештенство и монаштво, како и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово - Божик.
- Големиот христијански празник кога го славиме раѓањето на Синот Божји, нека нè исполни со добра мисла, мир и единство. Радоста на овој празник нека биде поттик да бидеме солидарни и хумани. Во духот на нашата традиција, посакувам како што сме сплотени за време на празниците, така да бидеме заедно и во текот на целата година. Меѓу себе да бидеме човечни, да си помагаме и да се почитуваме, се вели во честитката.
Овие празнични денови, се наведува, да ги поминеме во кругот на семејството и ближните, исполнети со радост и веселба. На првиот ден на Божик да се помолиме за духовен мир и за сила за предизвиците во годината која ни претстои.
- Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите граѓани кои го прославуваат празникот, сакам да им порачам да продолжиме да ја пренесуваме божикната порака за вистината за верата според која живееме. Христос се роди!, се вели во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници и две женски лица на 19 и 41 година приведени за престрелката во Тетово
-
Приведен 43-годишнен кавадарчанец, управувал возило со 2,31 промили алкохол
-
Управувал возило со 2.05 промили алкохол во крвта, приведен 22-годишник
-
Топлотен бран ја зафати Европа: Пожари беснеат од Шпанија до Балканот
-
Приведен 47-годишен велешанец, при претрес во неговиот дом најдена е дрога и две дигитални ваги
-
Земјотрес од 6,4 степени го погоди истокот на Индонезија, нема опасност од цунами
-
Европол: Разбиена меѓународна албанска мрежа на организиран криминал, уапсени 10 лица
-
Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа