Честитка од претседателот Иванов до еврејската заедница по повод Рош - Хашана
Претседателот Ѓорге Иванов по повод големиот еврејски празник Рош Хашана, односно започнувањето на еврејската Нова година, упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ и до припадниците на Еврејската заедница во Македонија.
Во честитката македонскиот претседател на сите верници им посакува претстојните празнични денови да ги прослават во согласност со повеќевековната традиција, во семеен мир и добросостојба.
- Големиот празник Рош Хашана кој го означува „почетокот на годината“ според старите еврејски верувања претставува и „празник на раѓањето на светот“. Во себе, тој ја содржи симболиката на новиот почеток, но и присетување на минатото и молитвата за покајание и простување.
Одвојувајќи се од старата и започнувајќи ја новата година, на празникот, верниците преку молитва бараат прошка и покајание надевајќи се на нов почеток со желба за просперитет и благосостојба.
Славејќи ги празниците да си споменеме дека треба да се издигнеме над себеси и искрено да споделиме со оние кои немаат и на кои им е потребна помош. Затоа да останеме обединети во промовирањето на вистинските вредности, водени од меѓусебна доверба и почит, вели во честитката претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз