Честитка од премиерот Заев по повод Денот на Власите
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на сите припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита Националниот ден на Власите, 23 мај.
Во честитката премиерот Заев истакнува дека Влашкиот народ како посебна етничка, јазична и културна заедница, има особено значење и место во заедништвото на народите на Република Македонија.
- Придонесот на Власите во историјата, во општествениот и културен развој и во градењето на современата Република Македонија е од непроценлива важност. Овој голем ден за влашката заедница и за Република Македонија, е составен дел од нашата културна и општествена матрица да ги почитуваме и негуваме традиционалните вредности и меѓусебното разбирање на сите етнички заедници, како влог во просперитетот на нашата држава и во заедничкиот концепт – Едно општество за сите, се наведува во честитката.
Премиерот изразува желби за добро здравје, разбирање, мир и благосостојба на сите припадници на Влашкиот народ и на сите останати граѓани на Македонија.
- Преку негување на вредностите што ги споделуваат сите заедници, да ги издигнеме нашите напори и определби за градење европска и демократска Република Македонија, во која се промовира еднаквост, почитување и заедништво за сите граѓани, се вели во честитката по повод Националниот ден на Власите, на премиерот Заев. е
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур