Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV.
- Изборот на Неговата Светост, Папата Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, претставува историски настан за Римокатоличката црква и за сите верници ширум светот. Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност, но и продолжение на традицијата на мир, солидарност и грижа за секој човек, наведува Мицкоски во честитката објавена неговиот Фејсбук профил.
Тој од името на Владата и во негово име, упатува честитки до сите католици, а особено до членовите на македонската католичка заедница, кои, како што посочува, со својата вера, култура и граѓанска посветеност придонесуваат за духовната разноликост и општественото богатство на нашата татковина.
- Нека мандатот на Папата Лав XIV биде воден од мудроста на неговите претходници, од гласот на обесправените и од надежта на новите генерации. Во време на глобални предизвици, неговата порака за мир, дијалог и човечко достоинство добива уште поголемо значење, пишува премиерот Мицкоски
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
