Честитка од премиерот Груевски по повод Рамазан Бајрам

Премиерот Никола Груевски упати честитка до претседателот на Исламската заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам.
- Традициите со кои се идентификуваме и празниците кои ги славиме се тука да не потсетат на вредностите кои го дефинираат нашето постоење и идентитет. Споделувањето на овие моменти со најблиските го зацврстува семејството и ги пренесува верувањата и културата на една заедница на идните генерации. Воедно ваквите големи празници отсекогаш биле прилика за изразување на заемна почит и пријателство помеѓу луѓето од различна вероисповест и служеле за зајакнување на добрите односи кои се стремиме да ги градиме во текот на целиот живот, стои во честитката.
Бајрамските празнувања и пораката за мир, добрина и милост која тие ја носат, додава премиерот, се дел од културното богатство и религиозниот диверзитет кој е препознатлив за нашата држава.
- Овие универзални принципи се столбовите на демократијата, добрососедството и соживотот кои во Македонија отсекогаш сме ги промовирале како најважни. Уверен сум дека наша заедничка вредност и стремеж е одржување на вековното пријателство и разбирање помеѓу нашите заедници, како што тоа било пракса со генерации во минатото. Цел кон која знам дека и во иднината заеднички ќе продолжиме да работиме, наведува Груевски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
