Честитка од Мицкоски по повод Денот на македонската револуционерна борба
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
– 23-ти Октомври е темелот на кој се надоврзуваа Илинденската епопеја и Крушевската Република, Народноослободителната борба и АСНОМ, но и 8-ми Септември и независна Република Македонија. Истрајноста на тој идеал за слобода и еднаквост 126 години покажува дека овој народ и оваа држава негувале и ќе негуваат европски и цивилизациски вредности и сите ние на тоа треба да се гордееме и да продолжиме да го градиме. Наша обврска како народ е да ја продолжиме оваа борба не само како спомен на нашите предци, туку и како завет за идните генерации. Само со труд, постојанство и обнова можеме да бидеме сигурни дека Македонија ќе чекори кон напредокот и успесите, наместо поразите и уназадувањето. Македонија ја чекаат предизвици, но и подобри времиња. Како никогаш порано судбината на нашата земја е во рацете на нашиот народ, а јас силно и цврсто верувам дека обновата ќе дојде, пишува Мицкоски во честиката.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија