Честитка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски по повод „Св. Кирил и Методиј“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка до македонските граѓани по повод 24 мај, Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.
- Почитувани граѓани, треба да бидеме бескрајно среќни и горди како народ, бидејќи Светите браќа Кирил и Методиј, кои од страна на неговата светост, Папата Јован Павле Втори се прогласени за заштитници на Европа, не вбројуваат меѓу народите кои дале огромен придонес кон светската наука и култура. Светите браќа Кирил и Методиј ни покажаа дека човековатаволја, добродетел, љубов и желба за творење можат да бидат бескрајни и да создаваат работи надвор од имагинацијата на времето и просторот во кој живееме, стои во честитката.
Како што наведува Груевски, Кирил и Методиј со своето делување и работење овозможија поголема рамноправност на народите во своето време, спротиставувајќи се на дотогаш ограниченото сфаќање дека знаењето и науката треба да се пренесуваат на само неколку тогашни јазици, ја проширија писменоста во дотогаш невидени размери и простори и допринесоа за унапредување на науката во целост.
- Нека Бог ни помогне и даде мудрост да го водиме и создаваме општеството според вредностите кои тие ни ги оставија, да бидеме мудри, взаемно да се почитуваме и да твориме во полза на општото добро, се додава во честитката.
Ново на Сител
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
-

Нови онлајн услуги за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши: Законот за правична застапеност нема да се донесе тајно, кога ќе има услови да се стави на гласање
-

Промоција на новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-

Современа болница и поквалитетно здравство за граѓаните на Источна Македонија
-

Водата во Гостивар се тестира и се уште не е за пиење
