Честитка од КОВЗ по повод новата 1437 година според Хиџра

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗ) Валентина Божиновска упати честитка до поглаварот на Исламската верска зедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф. Реџепи, членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и до сите верници од исламска вероисповед, по повод новата 1437 година според Хиџра.
- Преселбата на божјиот пратеник Мухамед и на првите муслимански заедници од Мека во Медина е најзначајниот настан кој бил и останува да биде трајно вдахновение во животот на секој муслиман. Хиџра нè потсетува својата вера да ја исполнуваме со тоа што ќе им пружиме засолниште на раселените, обесправените и маргинализирани членови на нашата заедница. Тој нè потсетува дека човечкиот живот е свет и неприкосновен, и дека верата треба секогаш да ја ставиме во интеракција со другите луѓе кога ќе ни се обратат за помош или кога ќе воочиме дека им е потребна нашата помош. Честитајќи Ви ја новата хиџретска година Ви посакувам многу здравје, се наведува во честитката од директорката на КОВЗ Валентина Божиновска.
Ново на Сител
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Џентлменско возење на мотор за подигнување на свесноста за машкото здравје
