Честитка од Комисијата за верски заедници за почетокот на рамазанските пости

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, денеска, по повод почетокот на постите за Рамазан, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.
- Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви упатам честитки по повод почетокот на најсветиот месец кај муслиманите, Рамазан, посакувајќи деновите на овој свет месец да ги поминете во мир и благосостојба во Вашите семејства и домови. Нека овој празник биде поттик за зачувување на универзалните вредности на месецот Рамазан, и во тој дух на најголема светост и духовно прочистување, да се посветиме на меѓусебното помагање и почитување како возвишени вредности кои придонесуваат за нашата заедничка светла иднина, се вели во честитката.
Ново на Сител
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Уапсен поранешниот државен правобранител Фахми Стафа
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
