Честитка од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод Божик

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, целото свештенство и монаштво, како и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово - Божик.
- Празникот Рождество Христово-Божик е најсветлиот празник, остварување на божјиот завет за спасение на целото човештво и симбол на еден нов почеток, со кој започнува живот втемелен на заедништво, љубов и почит кон другиот. Денес, Македонија покажува цврста вера и силен стремеж во изградбата на општество втемелено на почит на различностите, религијата и правото на вероисповед кои се составен дел и на европските и светските вредности и приоритети, се вели во честитката.
Затоа, се наведува во честитката, е важно да бидеме сите обединети, да ја почувствуваме истата онаа радост и надеж која на денешен ден, со раѓањето Христово, ги осветли срцата на сите луѓе во светот.
- Преку единство, низ дијалог, со силна вера и меѓусебно почитување, да ги надминеме сите сегашни и идни предизвици и на празникот Божик прво да го изградиме мирот во себеси, а потоа тој мир и таа љубов да ги споделиме со другиот. Празничното божиќно чувство да ни биде патоказ во животот, наша гордост и достоинство како народ кој мирољубиво чекори во создавањето на едно слободно и праведно општество. Во духот на православието, овие празнични денови нека внесат мир во секое срце, во секој дом топлина, радост во душата, и нека бидат поттик за зацврстување на единството и почитувањето меѓу сите луѓе, стои во честитката.
Ново на Сител
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
