Честитка од Иванов по повод Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка по повод одбележувањето на 24 мај - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
- Одбележувајќи го големиот празник 24 мај, ја славиме историската и епохална мисија на солунските браќа. Големите просветители ја составија првата словенска азбука - глаголицата. Со помош на глаголицата тие ја препеаа Библијата на старословенски насочувајќи дека секој народ има право на проповед за делата Божји на својот мајчин јазик. Преку писмото, на идните генерации на автентичен начин им го пренесуваме она што сме го наследиле од нашите предци. Делата на светите браќа не учат дека сите луѓе се еднакви пред Бога, а јазикот на кој се молат на Бога му е еднакво мил, истакнува во честитката Иванов.
Република Македонија, како што вели, ја слави цивилизаторската мисија на големите сесловенските апостоли кои прифаќајќи ја светлината на знаењето на верата придонесоа кон втемелување на правото на еднаквост, јазик и култура.
- Сржта на просветителската мисија на сесловенските апостоли е во просветителскиот континуитет што се докажа преку продолжувачите на нивната поука и знаење, големите словенски дејци свети Климент и свети Наум, нагласува Иванов во честитката.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница