Честитка од Иванов до Обама по повод Денот на независноста на САД
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 јули – Денот на независноста, упати честитка до претседателот на САД, Барак Обама.
- Ја користам оваа пригода, уште еднаш да нагласам дека нашите две држави ги поврзува традиционално пријателство, споделени заеднички вредности, како и стратешко партнерство во повеќе значајни домени. Активното учество на Република Македонија во повеќе мировните мисии, како и силната посветеност кон глобалната коалиција за борба против тероризмот, се важен дел од заедничките активности во регионален и мултилатерален контекст, стои во честитката од Иванов.
Македонскиот претседател посочува дека високо се цени сèвкупниот придонес, како и силната и континуирана поддршка на САД за консолидирање на мирот, демократијата и стабилноста во регионот, како и за остварување на стратешките надворешно-политички цели на Република Македонија.
- Стапувањето на Република Македонија во одамна заслуженото полноправно членство во НАТО, и натаму останува голем предизвик со кој нашата држава се соочува. Во тој контекст, ја очекуваме Вашата натамошна, уште позасилена поддршка во пресрет на Самитот на Алијансата, во јули оваа година во Варшава, вели Иванов во честитката до Обама.
Ново на Сител
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење