Честитка од Груевски по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод големиот христијански празник, Богојавление - Водици упати честитка до поглаварот на Македонска православна црква - Охридска архиепископија, архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Република Македонија и дијаспората.
- Славејќи го крштевањето на нашиот Спасител, Исус Христос, денес сите ние го славиме Богојавление - симболот на духовното раѓање, на спасението, прочистување, просветлување и почетокот на нашето живеење во верата.
Празнувајќи го Богојавление да се помолиме на Бога да ги освети нашите води и да ги просветли нашите души и нашите семејства, дарувајќи ни здравје, среќа, бериќет, повеќе радост. Онака како што денес свечено, со литија, молитви и силна верба во Бога тргнуваме кон местата на водосветот, со истата верба да продолжиме да чекориме по патот на успехот и просперитетот на нашата татковина. Со Божја помош и Божји благослов, да создаваме нови дела за Македонија и нашите идни поколенија. Нека Бог ни помогне во сите искушенија и предизвици да истраеме, нека дарува мудрост и сила да го зацврстиме единството, да се почитуваме, да си помагаме и да ги унапредуваме вредностите кои се предност на нашето општество, наведува Груевски во честитката.
Ново на Сител
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”