Честитка од Груевски по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка по повод празникот 24 мај – Денот на македонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
- На овој голем празник нашата држава и сите ние се поклонуваме пред ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, како неизмерно значајни личности од нашата историја и нашето културно, етничко и духовно постоење како народ и нација. Со создавањето на Глаголицата, многу народи, меѓу кои и македонскиот народ, добија можност да ги примат и шират христијанските вредности, да творат и да напредуваат на свој близок и разбирлив јазик. Ваквиот потфат, целокупната просветителска и мисионерска улога на Кирил и Методиј, како и големиот број нивни ученици кои ја продолжија нивната епохална дејност во Македонија и во светот, претставува дело кое е тешко замисливо, а уште потешко остварливо од било кој современик во Македонија. Сепак, тоа е подвиг кој инспирира, подвиг кој потврдува дека со љубов, со труд, со постојаност, секој човек и секоја генерација може да остави дела за паметење, дела кои ќе го надживеат и ќе останат долго да се паметат и да им служат на генерациите кои доаѓаат, истакнува Груевски во честитката.
Во тој дух, како што додава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, да празнуваме и да се радуваме што живееме и твориме на земја во која твореа светите апостоли Кирил и Методиј, да бидеме горди на нивното наследство, да си го сакаме, чуваме и почитуваме сопствениот јазик, сопствената култура, сопствената држава, своето минато, сегашност и иднина.
- Нека е вечно нивното име и нека ни е за многу години големиот државен празник Свети Кирил и Методиј!, истакнува Груевски.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска