Честитка од Божиновска по повод Успение на Пресвета Богородица
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи Валентина Божиновска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
- На овој голем православен македонски празник ја славиме големата љубов и добродетел на мајката Божја, присетувајќи се на најголемата љубов, мајчинската, која е светлина и патоказ во животот на секој верник. Вознесот на мајката Божја, најдостојната меѓу сите жени и заштитничка на народот кон небото е симбол на големата вера и трпение како духовни вредности кон кои треба да се стреми секој еден верник. Затоа, со силата на нејзиниот благороден лик и со нејзиното свето име, Ви посакувам Вам и на сите православни македонски верници, здравје, љубов и многу благодет во Вашите домови и семејства, стои во честитката.
Ново на Сител
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување