Честитка од Бабовски повод Националниот ден на Власите
Почитувани,
23-ти мај е нашиот Национален празник, денот кога секој од нас се чуствува горд на своето потекло, горд и на нашето славно минато, на великаните кои Власите му ги подарија на човештвото, но и на нашите предци, нашите дедовци, оние обични луѓе кои беа домаќини и вредни луѓе, на нашите баби кои носеа крст на чело, но и на оние кои со модерни шапки се шетаа по чаршиите на балканските касаби. Сите тие што и да работеа, што и да носеа, во своите семејства го зборуваа влашкиот јазик, ја пренесуваа традицијата на Власите на своите поколенија. За нив беше грев да престанат да го зборуваат јазикот на своите предци. Сетете се на нив, на убавите зборови со кои ве милуваа, со кои ве фалеа кога бевте послушни и прекоруваа кога бевте непослушни. Помислете што би ви рекле сега кога би виделе дека го оставивте мајчиниот влашки јазик. Почитувани, чувајте го јазикот, културата и традицијата како што ги чувате спомените за вашите предци, како нешто најскапоцено што ви го оставиле во наследство. Честит празник, нека е вечен 23 мај, Националниот ден на Власите!
Ti multsa anj Dzua 23 di mai, Dzua Natsionalâ a Armânjlor!
Со почит,
Демократски сојуз на Власите од Македонија
Претседател,
Никола Бабовски
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
