Честитика од лидерот на СДСМ Заев за празникот Свети Сава

Претседателот на СДСМ Зоран Заев им го честита денешниот празник Свети Сава на припадниците на српската заедница во Македонија и на сите граѓани кои го празнуваат.
- Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам најискрени честитки за денешниот голем празник Свети Сава на сите вас кои го чествувате и ви пожелувам добро здравје, спокоен и квалитетен живот, се вели во честитката на Заев.
Богатството на традициите и на различностите, нагласува тој, ја прави Македонија посебна држава којашто има со што да се гордее во светот, бидејки во нашите граници е светот во мало.
- Ќе ги чуваме, негуваме и развиваме тие вредности во насока на создавање држава на еднакви, задоволни и среќни граѓани во Македонија. Нашите заеднички определби за меѓусебно почитување, поддршка, разбирање, во едно општество за сите граѓани на Македонија, дадоа резултат и ние сме веќе на патот на демократските промени што тоа ќе им го овозможат на сите граѓани на Република Македонија, истакнува Заев во честитката.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
