Чешка воведува седумдневен полициски час
Чешката влада одлучи да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, од среда и дополнително да ја ограничи работата на продавниците за малопродажба.
„Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро“, рече министерот за здравство Роман Примула по состанокот на владата, наведувајќи дека во исклучоците спаѓаат службени патувања и неопходни семејни посети.
Малопродавниците, кои продолжуваат да работат според сегашните ограничувања, мора да бидат затворени до 20 часот и во недела, со исклучок на бензинските пумпи и аптеките, пренесува Ројтерс.
Воведени се построги мерки заради сериозно влошување на епидемиолошката состојба. Чешката Република викендот објави дека има 12.472 нови случаи на коронавирус, а 106 лица починаа како резултат на инфекција со Ковид-19.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори