Чешка платила шест милиони долари откупнина за ослободување на две жени
Република Чешка за ослободување на две киднапирани девојки во Пакистан, платила шест милиони американски долари откупнина, објави неделникот „Респект“.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Антониа Храстецка и Хана Хумпалова беа ослободени минатата година, по две години заробеништво од вооружени сили на Ал Каеда.
Одлуката за плаќање на бараната откупнина, била донесена уште за време на владата на Јиржи Руснок, иако тогаш јавно беше соопштено дека државата нема да преговара со терористи.
- Чешката држава не преговара со терористи и не плаќа откуп, изјави по ослободувањето во март лани, актуелниот министер Милан Хованец.
Според „Респект“, парите биле обезбедени од резервите на Министерството за финансии и преку Цивилното разузнавање отишле во рацете на киднаперите.
Двете жени, кои по киднапирањето биле разделени, различно и го продолжија понатамошниот живот дома.
Весникот, тврди дека според тајните служби, едната од нив, за која се тврдеше дека ја примила муслиманската вера, се обидела да се врати кај своите киднапери и била вратена од турската граница, заради опасност од радикализација.
Пред неколку дена, во Чешка се вратија и петмината мажи кои пред шест месеци исчезнаа во Либан. И во овој случај се тврдеше дека Владата нема да преговара со терористите, но подоцна министерот за одбрана Мартин Стропницки потврди дека ослободувањето на Чесите е договорено за ослободување на Либанецот Ал Фајад, кој требаше да биде екстрадиран во САД.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот