Чешка и Словенија со поддршка за Македонија на нејзиниот евроатлански пат
Чешка и Словенија ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон европската и евроатланската интеграција. Ова денеска на државниот секретар во МНР Виктор Димовски му го пренеле заменик министерот за европски прашања во чешкото Министерство за надворешни работи Јакуб Дур и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија, Изток Мирошич.
На средбата, како што соопшти МНР, е разговарано за европската интеграција на Македонија и конкретните чекори што престојат во контекст на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година, објавена минатиот вторник, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО.
Станало збор и за внатрешно-политичката состојба во Македонија и за односите со соседите.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата