-->
-->
Червар: Задоволен сум од пристапот на играчите на тренинзите
-->

Македонската ракометна репрезентација повеќе од една недела се подготвува во Маврово за настапот на Светското првенство во Франција, а играчите под водство на селекторот Лино Червар и неговиот стручен штаб напорно работат.
- Задоволен сум како тренираат играчите и како ги извршуваат поставените задачи. Мал проблем ни беше настинката кај некои играчи, но имаше некои кои и под лекарства тренираа. Останува фактот дека за нас пласман во вториот круг ќе биде успех. Тренираме да играме зона 6-0, а по потреба и „подлабока“, додека за во напад имаме варијанти и за „шест на шест“, но и за „седум на шест“ како што игравме во Металург. Но, најважно од се треба да прикажеме максимлна борбеност и само со таков пристап можеме да ги постигнеме посакуваните резултати. Исто така ние мора да функционираме како семејство, а очекувам вистинското да биде откако ќе се комплетираме кога ќе дојдат Миркуловски и Мансаков, истакна Червар.
На подготовките во Маврово заедно со А репрезентацијата е и јуниорската селекција, која се подготвува за настап на квалификациите за СП во Алжир. Квалификациската група се игра во Скопје од 4 до 6 јануари.
- Работиме добро и напорно. Имавме неколку контролни дуели со А репрезентацијата што беше добро. Акцент ни е првиот дуел со Полска и досега гледавме нивни натпревари. Очекувам да се комплетираме кога Талески, Велковски и Нелоски ќе бидат со нас. Со подготовки ќе продолжиме и веднаш по Нова година и на 1 јануари ќе имаме два тренинга, изјави селекторот на јуниорската репрезентација Илија Темелковски.
Двете репрезентации во Маврово ќе се подготвуваат до 30 декември (петок).
Вториот дел од подготовките двете репрезентации ќе го имаат во Скопје во СРЦ „Кале“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
