-->
-->
Чепишевски победи во групата, но без рекорд
-->

По двата одлични настапа во првите две трки на Летната Универзијада во Гвангжу, Јужна Кореја, кога постигнуваше македонски рекорди Горазд Чепишевски денешната трка на 200 метри грбно ја заврши со победа во својата група, но не успеа да постигне рекорд. Тој исплива време 2:08.90 минути, додека негов и македонски рекорд во оваа дисциплина е 2:08.66 минути од Медитеранските игри во Мерсин пред две години.
Чепишевски го освои 24 место во конкуренција на 29 пливачи.
Утре настап ќе има Мартин Стефановски на 50 метри слободно, додека на 11.јули на трката од 10 километри ќе плива и Евгениј Поп-Ацев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
