Ченто: Вратете ме кај моите браќа, во вакво време чест е да бидете во затвор или убиен
Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од 27 април. На седницата не дојде обвинител од Вишото јавно обвинителство да објасни на кои околности се согласил со продолжување на притворот за обвинетиот Јане Ченто, пишува Макфакс.
Обвинетиот Ченто пред тројцата судии Јани Нича, Цветанка Периќ и Сафет Кадрии рече дека го држат во притвор со „копи-пејст“ решенија и дека постојано го препишуваат само аргументот дека притвор се бара поради сериозноста на кривичното дело.
„Вратете ме во Шутка со браќата. Чест е да се биде во затвор во вакво време“, рече Ченто и додаде дека во Македонија има селективна правда. „Со факти и докази не’ држите 11 месеци во притвор. Моите браќа се во Шутка. Неправедно ги држите во притвор“, кажа правнукот на Ченто во судницата
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители