Loading Video...
Фудбал
20. October 2018 - 16:44

Челзи се спаси од пораз во 96-минута во дербито со Манчестер Јунајтед

Челзи и Манчестер Јунајтед одиграа без победник во дерби дуелот од 9.коло на Премиер лигата. 

Гостите од Манчестер има за што за жалат бидејќи беа до полн плен на гостувањето во Лондон. 

Иако со голот на Рудигер во 21.минута, домаќините први дојдоа до водство, во вториот дел Манчестер со головите на Марсијал (55-та и 73.минута), направија пресврт и водеа со 2:1, се до завршните секунди од мечот. 

Имено, во 6-тата минута од судиското дополнение (90+6), Баркли постигна гол за израмнување и му донесе бод на Челзи. 

„Сините“ остануваат на врвот на табелата со 21 бод, додека Манчестер Јунајтед е на 8.место сега со 14 бодови.