-->
-->
Челзи потпиша со Бакајоко
-->

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, пред да замине на одмор го доби првото засилување за новата сезона, а како што пренесуваат медиумите во Англија, можно е англискиот првак најдоцна до утре да се засили со уште еден фудбалер.
Францускиот репрезентативец Тимуе Бакајоко беше трансфер цел на Конте и во јануарскиот преоден рок, но тогаш Монако не сакаше да влезе во преговори.
Двата тима денеска постигнале договор и Бакајоко ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“ за сума од 40 милиони евра. „Тајмс“ открива дека Бакајоко во новиот клуб ќе го носи бројот 14 на грбот.
Трансферот на Бакајоко со голема веројатност значи дека Немања Матиќ ќе го напушти Челзи. Интерес за српскиот репрезентативец покажува Манчестер Јунајтед, на чија клупа седи Жозе Мурињо, кој додека беше менаџер на „сините“ го донесе Матиќ од Бенфика во Челзи.
Инаку, Челзи најдоцна до утре може да искешира уште 70 милиони евра доколку успешно завршат преговорите околу трансферот на Вирџил ван Дајк од Саутемптон. Холандскиот репрезентативец се поврзуваше со трансфер во Ливерпул, но, по сè изгледа, ќе заврши во Челзи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
