Фудбал
25. April 2023 - 10:40

Челзи постигна вербален договор со Покетино

Поранешниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино договорил соработка со Челзи.

Според инсајдерот Николо Шира, Покетино е на чекор до тренерската функција кај „Сините“ од Лондон. Веќе е постигнат устен договор тој од јуни да го преземе тимот.

Последната работа на 51-годишниот фудбалски стручњак беше во пари Сен-Жермен, кој го напушти летото 2022 година. Пред тоа, Покетино беше тренер на Тотенхем, Саутемптон и Еспањол.