Чекале и по 17 дена во ред за новиот Ајфон
Новиот „АјФон 6С“ е пуштен во продажба и како и секоја година и овој пат пред продавниците ширум светот се формираа долги редици на оние „најзапалени“ фанови кои се подготвени на се со цел први да дојдат до новиот апарат .
Најдолгите редиците за новиот АјФон се формирале во Токио, Сиднеј, и во неколку градови САД и Кина.
Некои од љубителите на АјФон чекале во редиците дури и 17 дена по сите временски (не)прилики, а некои се снашле со иновативни решенија за да не стојат цело време во редот.
Така, Луси Кели донела робот кој ја заменил во редот бидејќи неможела да чека цело време поради работните обврски. Ваквата идеја и ја дал нејзиниот шеф, кој и предложил да земе еден од роботите од фабриката во која рботи.
Иако се работи за уште еден „С“ модел, аналитичарите сметаат дека „Епл“ би можел да продаде дури 13 милиони апарати, што е за три милиони повеќе отколку минатата година.
Извори од „Епл“ информираат дека побарувачакта засега е поголема отколку минатата година.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот