-->
-->
Чех се збогува со националниот тим
-->
Легендарниот чешки голман, Петр Чех, реши да стави крај на репрезентативната кариера. Чех одлуката ја објави на доделувањето на наградите по повод изборот за најдобар играч на Чешка за изминатата година.
Петр Чех, десетти пат во кариерата е прогласен за најдобар фудбалер на својата земја, а присуството на церемонијата на доделувањето на наградите, тој го искористи за да соопшти дека повеќе нема да брани за националниот тим.
„Затворено е едно прекрасно поглавје од мојата кариера. Долго размуслував околу донесувањето на одлуката, јас сум перфекционист и сакам на она што го правам да му се посветам целосно. Пред репрезентацијата се квалификациите за пласман на СП во Русија и сметам дека не е во ред да останам таму каде што не би требало да бидам. Долго сум во репрезентацијата и не би сакал да дојдам во ситуација на половина од квалификациите да кажам, јас заминува повеќе не можам“, рекол поранешниот голман на Челзи.
Чех во иднина ќе му се посвети само на својот клуб Арсенал.
Еден од најдобрите голмани во изминатата деценија со 124 настапи за репрезентацијата е рекордер на својата земја.
Чех бранеше на тековното европско првенство, но Чешка во конкуренција на Шпанија, Хрватска и Турција не успеа да ја мине првата фаза
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата