Чеченскиот претседател бара соработник преку реално шоу

Влијателна личност бара соработник преку реално шоу, но тоа не е Доналд Трамп, туку претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров, пренесоа американските медиуми.
Руската државна телевизија денеска емитуваше риалити програма „Во живо - тимот". Учесниците во неа се борат да бидат избрани за соработници на Кадиров. Тие ќе мора да поднесат концепт за развојот на чеченската република, која доживеа две сепаратистички војни со Русија во последните 20 години. Учесниците во реалното шоу ќе бидат оценети, како врз основа на овие концепти, така и врз основа на нивната способност да се точни, прецизно да ги извршуваат доверените задачи и да се подготвени да работат 24 часа на ден.
Групите за заштита на човековите права тврдат дека мачењата, киднапирањата и вонсудските егзекуции се широко распространети во Чеченија, под власта на Кадиров, кој е поранешен чеченски бунтовник.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
