Чавушоглу: Саудиска Арабија да соработува во истрагата за Кашоги

Саудиска Арабија треба да соработува во турската истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги и да им овозможи на турските претставници да влезат во конзулатот во Истанбул, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на посетата во Лондон.
- Ние се уште не сме виделе соработка на оваа тема и сакаме да ја видиме, истакна турскиот министер зЧавушоглу во изјавата објавена на националната телевизија.
Кашоги (59) исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Турските власти тврдат дека тој е убиен во Конзулатот, додека официјален Ријад тврди дека новинарот ја напуштил зградата неповреден.
Кашоги, кој од лани живее во егзил во САД, е долгогодишен новинар. Тој е ангажиран во „Вашингтон пост“ и е познат по критичките текстови за саудиските власти. Во неговите текстови тој ја критикуваше Саудиска Арабија и поради војната со Јемен и спорот со Канада.
Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-те години на минатиот век дури се обидувал да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
