Чавушоглу и Лавров одржаа телефонски разговор
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска одржа телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров, јави ТАСС, повикувајќи се на турски дипломатски извор.
Анонимниот извор не дал повеќе информации за темите што биле разгледани за време на разговорот.
Истовремено, ТАСС го цитира амбасадорот на Турција во Русија Хусеин Дириоз, кој изјави денеска дека периодот на нормализирање на руско-турските односи е завршен.
- Сметам дека најважно е тоа што го оставивме во минатот поимот „нормализирање на односите“. Врските меѓу двете земји се вратија во целост на нивото што беше пред кризата, а беа поставени цели за понатамошно развивање на односите, нагласи Дириоз на тркалезната маса за „Руско-турските односи во моментов“.
Контактите меѓу Русија и Турција неколкупати беа прекинати по соборувањето на рускиот авион од страна на турските ловци во реонот на сириско-турската граница на 24 ноември 2015 година.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии