Чавушоглу: Доколку Германците сакаат да заминат од Инџирлик, ние нема да ги спречиме

Германија може да ги повлече нејзините војници од базата во Инџирлик во Турција доколку сака, и ние нема да ги молиме да останат, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, наведувајќи дека Берлин треба да го промени неговиот пристап кон Анкара.
Германија синоќа соопшти дека ја разгледува можноста да премести во Јордан околу 250 нејзини војници кои во моментов се стационирани во Инџирлик, бидејќи Анкара одбива да им дозволи на германските пратеници да ја посетат базата.
- Ако сакат да одат, тоа зависи од нив. Нема да ги молиме. Тие сакаа да дојдат тука и ние им помогнавме. Доколку сакаат да одат ќе им кажеме - „Збогум“, нагласи Чавушоглу во интервјуто за „НТВ“.
Турските претставници наведоа дека посетата на пратениците не би била адекватна во овој момент.
Чавушоглу потенцираше дека мерките на НАТО за заштита на турскиот воздушен простор досега биле недоволни.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
