-->
-->
Чавков на состанок на министри за внатрешни работи и за правда во Братислава
-->

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, заедно со државниот секретар на МВР, Анастасија Илиеска, денеска и утре во Братислава, Република Словачка ќе учествуваат на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи и на правда на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во унијата.
„Миграциите и границите“ е темата на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи и на правда на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во унијата, што се одржува во рамки на словачкото претседавање со ЕУ.
МВР соопшти дека е предвидено вечер, на маргините од неформалниот состанок, министерот Чавков да оствари билатерална средба со неговиот домаќин, министерот за внатрешни работи на Словачка, Роберт Калинак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
