Чавков на неформален состанок на министри за внатрешни работи во Словенија

Во Брдо при Крањ, Република Словенија денеска се одржa неформален министерски состанок на министрите за внатрешни работи на Грција, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија, посветен на проблематиката на менаџирање на миграциските токови.
На оваа неформална средба, соопшти денеска МВР, како шеф на делегација на македонското МВР учествуваше заменик министерот Митко Чавков, придружуван од државниот секретар,Анастасија Илиеска и помошникот на директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Маринко Кочовски.
На состанокот, на кој излагање имал и заменик министерот Чавков, покрај презентирањето на актуелните состојби со мигрантите во секоја од земјите пооделно, фокусот, стои во соопштението, бил ставен на натамошното продлабочување на оперативната соработка меѓу земјите на трасата на миграцискиот бран, како и околу активностите што треба да се превземат на тој план.
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
