-->
-->
Чад Волф нов вд министер за внатрешна безбедност на САД
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп го именува Чад Волф за вршител на должноста министер за внатрешна безбедност на САД. Волф ќе биде петти раководител на тоа министерство во администрацијата на Трамп.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Волф ќе биде следниот министер, Трамп рече: „Тој веќе тоа го работи, ќе видиме што ќе се случи“.
Портпаролот на Белата куќа Хоган Годли подоцна појасни. – Како што рече претседателот, Кевин Мекеленан одлично ја вршеше работата.
Тој заминува по Денот на ветераните, а Чад Волф ќе биде вршител на должноста привремено, рече Годли. Волф беше шеф на кабинетот на претходната министерка Кирстјен Нилсен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
