Церар: ЕУ „падна“ на прашањето за Балканот
Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар оцени дека Европската Унија покажала единство за време на Брегзит, но дека „паднала“ на прашањето за Балканот, откако не можеше да постигне договор за отпочнување на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија.
– Постојат некои позитивни ефекти во делот на Европската Уунија кои се однесуваат на Брегзит, бидејќи на некој начин го одржавме своето единство во текот на овој процес. Покажавме дека сме во состојба да застанеме зад една мала држава како Ирска и да ги заштитиме нејзините интереси, изјави Миро Церар во интервју за АП.
Церар предупреди дека одлуката на ЕУ да не отвори преговори за членство со Северна Македонија и Албанија испраќа негативен сигнал на нестабилниот регион на Западен Балкан.
– Верувам дека ова одложување и неносење на одлука беше историска грешка. Ние всушност ги изневеривме. Не го исполнивме нашето ветување и ова е многу лошо за двете страни, порача шефот на словенечката дипломатија.
Тој посочи дека ЕУ треба да даде се од себе за да го задржи регионот, да продолжи со процесот на проширување и да започне преговори со Северна Македонија и Албанија што е можно побрзо.
Словенија стана земја членка на ЕУ во 2004 година.
Ново на Сител
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел