Централ Инвест на Анѓушев изгради нова сончева електрана, поевтина домашна струја за стопанството

Се зголемува домашното производство на електрична енергија. Почна со производство нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од 8 мегавати, во близина на Кочани.
Почетокот на производството на електраната доаѓа во време кога стопанството и големите индустриски потрошувачи бараат поевтина струја, не можејќи да ги издржат цените на берзата.
,,Им овозможуваме на компаниите енергија по цени кои се далеку под просечните берзански цени, со што покажуваме и општествена одговорност и грижа кон одржливоста на економијата. Ова е начин приватниот енергетски сектор да помогне во кризата,“ вели менаџерот на проектот ФЕЦ Тркање, Крсте Илијески. Произведената струја, преку компанијата РЕС (Reneweble Energy Supply), во форма на зелена енергија ќе оди до домашните компании по фиксни цени, кои се значително пониски во однос на берзанските цени, со што ќе се направат директни заштеди во компаниите.
ФЕЦ Тркање ќе има годишно производство од околу 15.100 мегават часови, што покрива годишна потрошувачка на град со 15.000 жители. Електраната е во сопственост на фирмата Централ Инвест, а е целосно проектирана и изведена од фирмите во рамките на Феро Инвест.
Централ Инвест и Феро Инвест на Кочо Анѓушев произведуваат струја преку електрани од обновливи извори, од вода, сонце, а во тек е градба и на електрана на биогас, со што уште повеќе ќе се зголеми домашното производство на струја, кое македонските фирми го бараат како поевтина алтернатива за скапата увозна струја.
https://
Ново на Сител
-

НП Шар Планина го засилува мониторингот на балканскиот рис
-

За 10,3 проценти зголемен бројот на странски туристи во периодот јануари-ноември 2025 година
-

МВР: Саитов веќе бил казнет за возење без дозвола
-

Пронајдени боксирач и навредлив транспарент: Бугарин приведен и протеран од Македонија
-

Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро
-

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон
-

Од 30 на над 200 елени: Успешната приказна на репродуктивниот центар во НП Галичица | ФОТО
-

Одложено судењето за екс претседателката на ДКСК Димитровска – Апелација сѐ уште не одлучила за надлежноста на обвинителството
