Цената на горивата не се менува, поскапува само Екстра лесното масло за домаќинство
Цените на горивата остануваат исти, а за два денари од полноќ се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според оваа одлука, Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар.
Цените на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, дизелот и Мазутот не се менуваат. Така, Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 81,50 денари за литар, Еуросупер БС по цена од 83,50 денари за литар, дизелот за 82,50 денари за литар, а мазутот по цена од 51,599 денари за килограм.
Корекцијата на цените е направена затоа што беа исполнети предусловите. Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.
Ново на Сител
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
