Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 3,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 4 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС - 98, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 80,50 денари, а ЕЛ-1 за 79,50 денари.
Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 3,932 денари за килограм и ќе изнесува 42,291 денари за килограм.
Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61 процент во однос на одлуката од 15. месецов.
- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216 проценти, кај дизелот за 12,699 проценти, кај екстра лесното масло за 12,354 проценти и кај мазутот намалувањето е за 11,352 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396 проценти - наведува РКЕ во обраложение на одлуката.
МИА
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
