Целосно обновена улицата „Питу Гули“ во Охрид
На пригоден начин денеска беше предадена во употреба целосно реконструираната улица „Питу Гули“ во Охрид, чија обнова не значи само поставување нов асфалт на коловозот, туку и целосно уредување на тротоарите, како и поврзување и одвојување на атмосферската од фекалната канализација.
Реконструкцијата на оваа значајна сообраќајна артерија во Охрид долга 768 метри со ширина на коловозот од 7,5 до девет метри се одвиваше во четири фази. Улицата е прекриена со два слоја со високо квалитетен асфалт со вкупна дебелина од десет сантиметри. Изградени се и тротоари на двете страни од улицата, широки 1,8 до 2,2 метри.
Станува збор за проект финансиран со средства обезбедени преку кредит на Светска банка, предвидени за реконструкција на неколку поважни сообраќајници низ градот и околните населби, изградба на два кружни текови на булеварот „Туристичка“, од кои оној на пресекот со улица „Бистрица“ веќе е завршен и функционален, како и за набавка на пет нови возила за потребите на ЈП „Охридски комуналец“.
Од Општина Охрид денеска беше најавен и почетокот на градежните работи околу изградбата на кружен тек на улицата „Стив Наумов“, како и на најфреквентното место во градот - крстосницата на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улица „Македонски просветители“.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи