Македонија
28. January 2018 - 12:08

Цела Македонија во плус, еве каде е најтопло во моментов

Како што најави УХМР, по студеното утро следува зголемување на температурата низ целата држава.

Денеска ќе преовладува претежно сончево и тивко со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска слаба магла, како и со мала облачност.На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен северен ветер со променлив праве. Масималната температура ќе достигне од 7 до 15 степени.

Скопје, претежно сончево и тивко со слаба магла. Температура  до 10 степени.

Ова се моменталните температури, објавени од диспечерскиот центар на ЈП Македонијапат.