Цела Македонија под снег, на Шапка 19 сантиметри – Еве каде вее во моментов
Претежно облачно време со повремени врнежи кои поради спуштање на студен воздух од север речиси насекаде ќе преминуваат во снег, освен на југоистокот најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Врнежи повеќе ќе има во претпладневните часови во централните и источните делови од земјава, а попладне постепено ќе се преместуваат кон исток и ќе престануваат. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, што во текот на денот ќе предизвика пад на температурата за неколку степени.
Дневната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени. Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде околу 1 степен.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 19 сантиметри, а најмногу дожд до седум часот изутрина е регистриран во Охрид, Тетово, Претор, Пожаране, Крушево. Минималните темпартури изнесувале нула степени во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Маврово и Лазарополе, еден степен во Пожаране, два во Скопје Петровец, Тетово, Крива Паланка и Крушево, четири во Охрид, Претор, Штип, Берово и Дебар…
Според УХМР, до вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Утре повеќе врнежи ќе има во западните, а во вторник во јужните делови. Во среда и четврток се очекува стабилно и суво време.
Ново на Сител
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада