Цел град завиен во црно: Почина и Николина по несреќата во која загинаа нејзините родители и сестра
18- годишната Николина Џедовиќ кој беше сериозно повредена во сообраќајна несреќа во која загинаа нејзините родители и сестра Кристина кога воз удрил во нивниот автомобил „Пасат„ на железничкиот премин во Грабовица во близина на Добој,кога се враќале од роденден, почина во болница во Бања Лука.
Според директорот на Клиниката за анестезија и интензивна нега Дарко Голиќ и задолжениот лекар во операцијата Милан Симатовиќ, и покрај максималните напори на здравствените работници, пациентката Н.Џ која беше во многу тешка состојба, во кома, починала вчера во 21 и 40 часот.
Таа била примена на Клинички центар на РС со тешки повреди на главата и градите, во состојба на длабока кома - се вели во соопштението УКЦ РС.
Во Добој денес е прогласен ден на жалост за трагичната смрт на ова семејство од населба Добој.
Погребот на семејство Џедовиќ, брачната двојка Славица и Златко и нивната ќерки, Кристина и Николина ќе се одржи денеска на локалните гробишта во близина на Добој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови