Цеца во тесно: Откриен нејзиниот вистински љубовник
Иако медиумите пишуваа за тоа дека Цеца Ражнатовиќ е во врска со Александром Јововиќ, фолк пејачката конечно решила да ја разоткрие целата вистина. Таа признала дека Александар и служел само како параван за да сокрие многу поголема ѕверка.
-Бев сигурна дека ќе успеам на јавноста да и ги замачкам очите со неговото згодно тело. Да бидеме реални, кој откако ќе ги види овие стомачни мускули би се мачаел да размислува дали јас и манекенот сме навистина заедно – изјавила Цеца во едно неодамнешно интервју.
Меѓутоа овие дилеми таа брзо ги отклонила признавајќи дека веќе извесно време се гледа со еден поголем фраер но поради комплицираните семејни односи не смеела во јавноста да признае кој е тој. Верувале или не станува збор за Звездан Терезиќ.
Со оглед дека нивните деца веќе се во интимни врски, Маша со Вељко, а Анастасија со Костадин, тие двајца долго време се двоумеле дали да бидат заедно или не, но на крајот решиле да не се откажуваат од можноста да ја доживеат својата романса.
Како што пренесуваат регионалните таблоиди и Звездан признал дека Цеца му го освоила срцето и дека е само прашање на време кога тие двајца ќе стапат во брак. Со оглед дека пејачката веќе ја имаше свадбата на векот сите се прашуваат како овој пат ќе се надмине самата себе. Можеби со тројна Терезиќ – Ражнатовиќ венчавка? Кога е бал, нека е маскенбал.
*Иако денес е први април и голем број на портали ја пренесоа веста дека Цеца е бремена изворите на порталот Еспресо кој ја објави оваа вест велат дека веста за Цеца и Звездан не е уште една во низата спинувани вести кои денес ќе ги прочитам.
Ново на Сител
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите