Цеца пукна од љубомора: Не му дозволи на момчето да сними жежок спот со секси пејачка

Цеца Ражнатовиќ не му дозволи на младиот Александар да глуми во спотот на Каја Остојиќ, зошто со неа бил во врска пред пет годиини, пишува српски Курир.
Момчето на Цеца, манекенот Александар Јововиќ во последен момент ја извисил Катарина Каја Остојиќ со која требало да сними спот за нејзината нова песна „У заседи“. И тоа се поради својата 16 години постара девојка.
Имено, Цеца на Јововиќ му забранила да учествува во овој проект зошто не и се допаднало тоа што нејзиното момче ќе гушка и бакнува друга, со која го прозиваа пред 5 години, кога за еден магазин сними секси фотографии.
Цеца полудела, и хистерчино го напаѓала момчето, по што жестоко се искарале.

Сите се шокираа кога Александар го откажа учеството во спотот. Тоа не личи на него, но немаше избор, зошто поради Каја влезе во расправа со Цеца. Кога виде дека нема кај да оди, Александар поради мир во куќа со порака го извести режисерот Дејан Миличевиќ да не сметаат на него, вели извор за Курир.
Цеца не сакаше да ги коментира овие написи, а Катарина само рекла дека е задоволна од учеството на манекенот Александар Вокиќ, кој професионално ја сработил својата работа на спотот.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
