Џет-Сет
14. May 2018 - 13:11

Цеца потресена, со тешко срце го упати последното збогум: Душо моја, мирно спиј...

Веста дека починала 82-годишната баба Вукосава Николиќ ја потресе музичката ѕвезда Цеца која и упати последно збогум и преку социјалните мрежи.

„Душо моја, мирно спиј“, ја потпиша заедничката фотографија пејачката и ја расплака јавноста.

Вукосава никогаш не криела дека Цеца ја сака како да е дел од нејзиното семејство.

„Моја убавица, среќа моја! Ја сакам како да ми е најголем род. После ќерката и зетот таа ми е најмила на светот“, говореша своевремено оваа жена од Цетиње.

Вукосава секогаш ја слушаше Цеца кога настапуваше во Црна Гора, а пејачката се воодушеви кога таа дошла дури и на еден нејзин настап во дискотека во Будва.

И Цеца за неа зборуваше како за најстара обожавателка која ја имала и имаше само пофални зборови.

„Госпоѓа Вукосава е редовен гостин на моите концерти. Толку многу се израдував кога ја видов на аеродром. Кога некој во нејзини години вложува енергија да дојде, тоа е вистинска љубов и почитување. И благодарам за тоа“, изјави во една прилика Цеца.