Царовска: Новиот Закон за учебници не носи социјално раслојување, туку води кон еднаквост
Новиот Закон за учебници не носи социјално раслојување, туку води кон еднаквост, а прави и исчекор во инклузивноста зашто првпат се воведуваат учебници во аудиоверзија и печатени на Брајова азбука, за да бидат опфатени сите ученици, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во врска со дигиталните учебници кои од учебната 2021/2022 година најпрво се планира да бидат воведени во четврто одделение.
Во гостување на ТВ24, Царовска повтори дека училиштата ќе имаат законска обврска да поседуваат т.н. библиотечен фонд на ИТ-уреди кои ќе им ги даваат на реверс на учениците што ги немаат, а обврзани се и да им ги отпечатат дигиталните материјали на околу 1300 ученици кои дома немаат електрична енергија.
Преку Програма на Светска банка, рече, ќе биде обезбеден одреден процент на дигитални уреди што ќе бидат ставени во библиотечниот фонд за располагање на учениците.
-Одиме со воведување во едно одделение за да може да си ги одмериме силите како систем и држава и да знаеме во која насока се движиме. Затоа што наједноставно е да набавите уреди наеднаш и да не знаете што со нив. Имавме таков проект „Компјутер за секое дете“ за кој се потрошија милионски суми, а на крајот немавме никаква корист од тие уреди, рече министерката за образование и наука.
Посочи дека со донации од компании и со ангажман на локалните самоуправи сега е намален бројот на ученици без ИТ-уреди во однос на почетокот на учебната година.
-Денес бројката не е поголема од 8000 ученици кои следат настава на телевизија. Тоа не е мал број, но кога тој број ќе го спуштите само за четврто одделение, добивате не повеќе од 3000 ученици коишто треба да се снабдат со одреден уред, а тоа ќе биде со библиотечниот фонд, истакна Царовска.
Податоците за технички неопремени ученици се собираат од терен и секое училиште, како што рече, знае колку такви ученици има.
-Сметам дека проценката нема да биде воопшто тешка и затоа навреме собираме за да може сите да се вклучат и да обезбедиме точен број на таблети колку што се потребни за четврто оделение за учениците кои имаат потреба од поддршка, додаде Царовска.
Во однос на реакциите и повиците во фејсбук-група против оваа новина, таа ги повика родителите да не прифаќаат манипулации, нагласувајќи дека реформата е во интерес само на децата кои треба, рече, да совладаат дигитални содржини за да бидат подготвени за дигиталниот свет по 20 години.
Повтори и дека е дезинформација денешната објава на опозицијата дека законот за учебници е повлечен од Собрание, туку по координација со Секретаријатот за европски прашања тој е вратен за да се дополни само делот за усоглсласување со европското законодавство.
Новите наставни програми според новата Концепција за основно образование ќе почнат да се применуваат од септември само во прво и четврто одделение и наставниот кадар веќе почна да се обучува. Дигиталните учебници, пак ќе се воведат најпрво во четврто одделение и во наредните пет години етапно во сите погорни одделенија. Но, учениците од прво до трето одделение ќе продолжат да учат од хатиени учебници.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
