Царовска: Капацитетот на градинките годинава се проширува за 860 деца, градиме 11 нови објекти
Вкупно 11 нови градинки ќе се градат годинава во различни делови од Македонија со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска ги потпиша договорте со градоначалниците на општините кои партнерски ќе учествуваат во изградбата на објектите.
На списокот за изградба на нови градинки се општините Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија, Штип, и Гази Баба (две градинки). Со изградбата на градинките капацитетот се проширува за вкупно 860 деца, а ќе се отворат и најмалку 100 нови вработувања.
За оваа намена од буџетот на МТСП се обезбедени 85,3 милиони денари без ДДВ.
Министерката Царовска ги повика општините да конкурираат со квалитетни проекти за изградба на нови градинки, затоа што освен во Буџетот на министерството за истата намена на располагање се и уште 15 милиони евра од Светска банка.
-Капиталните инвестиции во детската заштита се и остануваат приоритет на Владата. Раниот детски развој е многу важен за понатамошниот развој на човекот, затоа посветено работиме на јакнење на капацитетите и стручноста на детските градинки низ цела држава и во руралните и во најодалечените места низ Македонија. Годинава буџетот на МТСП за капитални инвестиции во детската заштита е зголеме за 300 отсто, а дополнително на располагање имаме пари и од Светска банка, изјави министерката Царовска на средбата со градоначалниците.
Од МТСП потенцираат дека изминатата година го зголемиле опфатот на децата во предучилишно образование за 1.959 деца. Од нив 1.209 се државните градинки, додека останатите 750 во приватните објекти, како и дека учествувале во изградбата на вкупно 24 градинки, од кои поголемиот дел се веќе ставени во функција.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана