Царовска: Ја зголемуваме вработливоста на младите
Креираме образование базирано на вистински потреби на стопанството, со што бенефит ќе имаат и учениците и компаниите. Учениците добиваат пракса и потенцијално сигурно вработување по завршување на образованието, додека компаниите добиваат кадар подготвен да одговори на дадените работни обврски. Ова се придобивките од измените кон кои се стремиме на средното стручно образование во нашата земја, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Прилеп, каде продолжуваат средбите со компаниите, средните училишта и локалните самоуправи.
Министерката денеска имаше работна средба со градоначалниците на Прилеп и Крушево, Илија Јованоски и Томе Христоски, заедно со претставници на компании кои гравитираат во овие две општини, како и со директорите на средните училишта.
„Овие средби се добредојдени и за училиштата и за општеството. Од една страна училиштата добиваат сигнал каков кадар треба да продуцираат за да можат да одговорат на потребите на компаниите, додека другата страна, односно компаниите добиваат кадар кој е подготвен да се вклучи во производниот процес“, истака министерката Царовска по средбата.
Овие средби ги организира Министерството за образование и наука под мотото “Учи паметно, работи стручно”, со поддршка на Швајцарската амбасада.
Министерство за образование и наук
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
