-->
-->
Царинска управа: Запленети непријавени 50.600 евра на Аеродром Скопје
-->

Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници, соопшти Царинската управа.

Од царина објаснуваат дека патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60.600 евра.

- Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето, наведуваат во соопштението од Царина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дуел со квалификации меѓу Филипче и Мицкоски на пратенички прашања
-

Пет дена до рокот: Собранието во трка да ги изгласа законите од реформската агенда
-

Нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за промена на ресори, разговорите продолжуваат
-

Ревизија на МЕПСО: Спорни вработувања, хаос со имотот и милионски провизии за неискористени кредити
-

Судење за „Пулс“, родителите ја напуштија судницата
-

Во Источна Македонија најмногу потрошувачка на лекови на рецепт
-

Жените во Тетово ќе се капат во посебни термини во градскиот базен
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
